НОВИ КЛИЕНТИ

indesign

InDesign, динамична и растечка фирма формирана како резултат на сонот на еден човек да развие веб дизајн компанија која ќе ги задоволи побарувањата на денешните клинети. Повеќе за клиентот

 

АНКЕТНО ПРАШАЊЕ

Дали имате потреба од заштита на правата?
 
 

ПАТЕНТ

Патентот е ексклузивно право кое се добива за нов, инвентивен и индустриски применлив изум од областа на техниката. Секој што декларира дека е вистински и прв пронаоѓач има право истиот да го регистрира.

Агенцијата нуди стручна помош за здобивање на право на патент на подрачјето на Македонија и во странство (национален патент, европски патент).

Нудиме услуги при пренесувањето на правата, прибележување на промените во соодветни регистри и при договори за лиценци.

 

АВТОРСКИ ПРАВА

Со авторското право заштитувате уметничко, или литерарно дело. Тоа е вид на заштита на авторот на оригиналното дело без оглед дали е објавено или не. Сопственикот има ексклузивното право да овласти но и да забрани на друг да репродуцира и дистрибуира записи во јавноста, звучни, аудиовизуелни, литерарни или кореографија, како и да направи работи изведени од заштитениот оригинал.

 

ТРГОВСКА МАРКА

Трговска марка е знак (име на бренд, збор,слоган, лого, етикета, пакување, потпис, наслов)кој е подобен за разликување на стоки и услуги на една компанија од друга.

БРЕНДПРОТЕКТ Ви нуди:

- Совети за подобност за регистрација на вашата Трговска марка

- Испитување за можни опозиции од други регистрирани или пријавени Трговски марки

- Пополнување и поднесување пријави на Трговски маркии комплетна постапка до регистрација на истата.

- Истражување на прекршувања на правото на Трговска марка

- Советување во врска со прекршувањето на правото

- Спроведување на правата од Трговска марка против прекршителите

- Постапување пред царинските органи во случаи на прекршување на права од ТМ.

- Навремено продолжување на важноста на ТМ

 

Индустриски дизајн

Согласно ЗИС дизајнот представува надворешниот изглед на производот како целина или негов дел одреден според неговите облежја. Линиите, контурите, боите, обликот, текстурата или материјалите од кои е направен.

Дизајнот мора да биде уникатен и недостапен на јавноста пред денот на поднесување пријава за признавање.

Индустрискиот дизајн е применлив во широк спектар на производи од индустријата или рачната изработка.

Со заштита на дизајнот спречувате неовластено копирање од други лица и злоупотреба на вашите креации и новитети.